fbpx
ВестиТоп вести

СОБРАНИЕТО ГО УСВОИ ЗАКОНОТ ЗА ЕДНОКРАТНА ПОМОШ ОД 6.000 ДЕНАРИ ЗА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ

Помошта е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, и е наменета за купување македонски производи и услуги.

Собранието денеска го усвои Законот за финансиска поддршка на ранливата категорија граѓани според кој, оние со низок доход ќе добијат еднократна финансиска поддршка од 6.000 денари по лице. Помошта е наменета за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници, и е наменета за купување македонски производи и услуги.

Исплатата на помошта е дел од Владината програма П1-Мерки за справување со коронакризата.

Финансиската поддршка ќе се распределува преку банка во коjа физичкото лице има постоечка трансакциска сметка и која во рок од пет дена од денот на влегување во сила на овој закон потпишала договор со Владата.

Конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за име и презиме на корисникот и банката во која ја поседува трансакциската сметка, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ја објавува на www.kupuvamdomasno.gov.mk,  во рок од осум дена од денот на влегување во сила на овој закон, а за самохраните родители на кои статусот го утврдува центарот за социјална работа, во рок од дваесет дена од денот на влегување во сила на овој закон.

извор: sdk.mk

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close