(ВИДЕО) ПЧЕЛАРСКА ЗАДРУГА ОД СТРУМИЦА ПОДИГА КАПАЦИТЕТ ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ПЧЕЛИН ОТРОВ
15 тина одгледувачи на пчели од струмичко се организираа во задруга за производство на мед и пчелин отров по стандардите на ЕУ.
Тие веќе ги удрија темелите за производствени капацитети со подршка на Унијата преку проектот ГЕРГ Германија Луксуембург за да македонскиот мед стане конкурентен на европскито пазар за што добија поддршка од околу 80 тина илјади евра.
Задругата Пчелин рај од 40 одсто од грантот ќе го искористи за набавка на опрема за собирање на пчелин отров кој е доста баран на европскиот пазар. Во земјава има неорганизирано собирање на пчелниот отров иако огоромни се бенефициите од овој пчелин продукт.
Во македонија евидентирани 8000 пчелари со околу 260 илјади пчелни семејство. Најголемиот дел од нив се тие што имаат до максимум 50 пчелни семејства а годишно произведуваат околу 10 тони восок и околу 5 тони полен прополис и матичен млеч.
извор: https://www.24.mk/