fbpx
Вести

АХВ: Се отстранува угинатиот добиток за спречување зарази

Изминатите два дена во најголем дел е завршено евидентирање, проценка и утврдување на сопственоста на угинатиот ситен добиток по поплавите во Скопско и Тетовско (кокошки, овци и кози), како и нивно закопување на соодветни локации определени од страна на локалната самоуправа.

ahv se otstranuva uginatiot dobitok za sprechuvanje zarazi

 

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), оваа акција ја спроведуваат нејзини стручни тимови во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ветеринарните друштва, со цел превенција и спречување на појава на заразни болести во поплавените подрачја.

Се врши и извлекување, евидентирање, проценка и отстранување и закопување и на угинатиот крупен добиток во поплавените региони.

– Со цел елиминирање на ризикот од појава на болести кај добитокот во поплавените региони, официјалните ветеринари во соработка со ветеринарните друштва и месното население вршат дислокација на живиот добиток и обезбедување доволни количествата безбедна храна и вода за нив. Се проверува и здравствената состојба на секое животно, која дополнително ќе биде проверена и по повлекувањето на водата, темелното чистење и извршената дератизација и дезинфекција на одгледувалиштата, каде што повторно ќе се врати добитокот, информираат од АХВ.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close