Три пати повисок данок ќе се плаќа за втор стан или деловен простор и државен имот кој не се користи
Владата на седница го усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, по редовна постапка, кој се предвидува да важи од 1 јануари 2022 година.
Три пати повисок данок ќе се плаќа за втор стан или деловен простор и државен имот кој не се користи. Владата на седница го усвои Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, по редовна постапка, кој се предвидува да важи од 1 јануари 2022 година.
Со измените се предвидува имотот сопственост на државата, на Општините и Град Скопје, како и во сопственост на физички и правни лица, а кој не се користи, подолго од шест месеци во текот на една година, да се зголеми за три пати во однос на стапките пропишана со законот. Оние кои нема да пријават дека одреден недвижен имот не го користат, ќе платат данок кој ќе биде за пет пати повисок од пропишаниот.
Зголемување на данокот за имот што не се користи премиерот Зоран Заев го најави пред дваесетина дена во интервју за Дојче веле.https://sdk.mk/index.php/makedonija/od-januari-2022-tri-pati-povisok-ke-bide-danok-na-imot-za-stan-ili-deloven-prostor-koj-ne-se-koristi/