ВестиМакедонија
Попладне повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, од попладневните часови со повремени локални врнежи од дожд, а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец и истиот повремено на некои места ќе засилува. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 13 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремени слаби врнежи од дожд. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 10 степени.