fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

За 10 години 66 илјади Македонци земале бугарско државјанство

Заклучно со 22 октомври годинава, речиси 78 илјади македонски државјани побарале да добијат бугарски пасош врз основа на своето бугарско потекло, велат официјалните податоци во Бугарија презентирани во парламентот.

Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година речиси 78.000 македонски државјани поднеле барање за бугарско државјанство, а речиси 90 отсто од нив и го добиле. Во последните 10 години, 66.000 Македонци добиле бугарски пасош и сите врз основа на своето бугарско потекло. Овие податоци денеска во бугарскиот парламент ги обелодени министерката за правда Десислава Ахладова одговарајќи на новинарско прашање.

Како што пренесува бугарскиот весник Дневник, од вкупно поднесени 77.829 барања за бугарско државјанство, дури во 77.725 случаи основата била бугарското потекло.

Како што пренесува весникот, прашањето во парламентот го поставил пратеникот на владејачката ГЕРБ, Христо Гаџев, и притоа коментирал дека додека Македонците бараат бугарско државјанство, со што стануваат граѓани на ЕУ, во Северна Македонија се спроведува недозволива политика и се поставуваат барања кон Бугарија.https://www.dw.com/mk/a-55905861?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close