Хоџа загрижен-откупени се само 1,6 % од тутунот, лани во истото време беа откупени 40 % од родот
Хоџа рече дека Владата годишно субвенционира 30 милиони евра за тутунот. -Една третина од целиот буџет за субвенционирање оди на тутунопроизводителите и тоа е максимумот што може да го направи Владата, порача Хоџа.
Загрижува фактот што до овој момент се откупени само 1,6 % од тутунот, односно 370 тони тутун. Во споредба со лани во истото време беа откупени 40 проценти од тутунот, изјави денеска министерот за земјоделство Арјанит Хоџа по средбата со ИО на тутунарите и откупувачите.
-Тутунопроиводителите бараат да се цени нивниот труд по Правилникот што е објавен од МЗШВ и бараат да се пушти линијата и навремено да се заврши целиот откуп. Но за разлика од другите години оваа година многу малку е откупен тутун, заради протестите и незадоволството од тутунарите. Ако лани до овој ден имаше 40 проценти откупен тутун, годинава има само 1,6 проценти и нормално ова е загрижувачка слика, рече министерот Хоџа.
Во овој момент просечната цена на откуп на тутунот е 165 денари за килограм.
Хоџа рече дека Владата годишно субвенционира 30 милиони евра за тутунот.
-Една третина од целиот буџет за субвенционирање оди на тутунопроизводителите и тоа е максимумот што може да го направи Владата, порача Хоџа.
А.Блажевска