fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Кочанските оризопроизводители излегоа на предупредувачки протест

Бараме цената за оризовата арпа да биде од 25 до 30 денари во зависност од класата а белиот ориз да се откупува од 50 до 60 денари. Исто така бараме субвенцијата да изнесува по 30 илјади денари за хектар, велат производителите.

Со трактори и со автомобили кочанските оризопроизводители излегоа на протестен марш од село Тркање до Облешево. Нивниот најголем проблем е откупот на оризот и ниските цени. Годинава се жалат дека никако да започне откупот со нормална динамика а тоа се користи и за драстично да им се намалат откупните цени.

-Оставени сме на цедило само мака да мачиме со ниските откупни цени и не откупувањето на оризот. Затоа се собравме на овој предупредувачки протест за да се преземат мерки со откупот на оризот и со ниската цена Бараме цената за оризовата арпа да биде од 25 до 30 денари во зависност од класата а белиот ориз да се откупува од 50 до 60 денари. Исто така бараме субвенцијата да изнесува по 30 илјади денари за хектар, да се зголеми нивото на зелена нафта бидејќи е нереално калкулирана и бараме за следната година водата навреме да се пушти од 20 април најкасно до 5 мај за да има квалитет оризот а не да го жнееме недозреан, рече  Драгољуб Гаврилов од иницијативниот одбор за заштита на оризопроизводството.

-Ние се солидаризираме со сите земјоделци кои имаат проблеми годинава. Бараме заштита на оризопроизводството бидејќи ако тоа пропадне од што ќе живее овој народ тука и градот.

Ние сме тие што придонесуваме кон оваа земја и сме третиот економски столб рече Стојче Ташовски оризопроизводител од кочанско.

За ниските откупни цени земјоделците прстот го вперија во откупувачите. Според нив сите тие имаат свои површини и производство на ориз кој сега го обработуваат и тактизираат со откупот на другиот ориз или евентуално го купуваат ако е некој земјоделец принуден да го даде за ниска цена.

-Ќе продолжиме со масовни протести ако не се реализираат нашите барања. На неодредено време ќе го блокираме патот Штип – Кочани ако продолжат да не игнорираат. Ние не бараме ваучери за одмори или рамковни вработувања туку само да се вреднува реално нашата мака рече Здравко Арсов оризопроизводител од кочанско.

-Јас не сум продал ниту едно зрно бидејќи со цена до 17 денари за арпата не можам да ги покријам трошоците. Порано работев 17 хектари под ориз а сега само 7 хектари. Тоа што имав земено земја од државата ја вратив за да не плаќам кирии и само повеќе да тонам во загуби, рече Трајчо Јованов оризопроизводител од кочанско.

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close