Уште дваесетина дена за аплицирање за субвенции за оризова арпа
Производителите на ориз кои во јули го предале родот на трговците можат да поднесуваат барања за дополнителни субвенции до крајот на месецов.
Барања за субвенции за произведена и продадена оризова арпа можат да се поднесуваат до 31-ви август.
Во подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кочани досега за дополнителни субвенции за ориз се пријавиле 60-тина земјоделци.
Оризопроизводителите кои во јули ја предале оризовата арпа од реколтата во 2015-та година, ќе добијат од 3 до 5 денари за килограм во зависност од пријавените површини со оваа култура.
Производителите кои имаат површина до 2 хектари ќе добијат 5 денари за предаден килограм кај откупувачите. За 2 до 10 хектари имаат право на 4, а производителите со пријавено земјиште повеќе од 10 хектари со ориз ќе добијат по три денари за килограм.