ВестиМакедонијаТоп вести
Тутунари пак се жалат, ниски проценки, високи одбитоци
Незадоволни од проценките, тутунарите велат дека си го враќаат тутунот дома.
Тутунари членови на ФБ групата „Македонски тутунари“ се жалат дека продолжуваат ниските проценки на тутунот и високите одбитоци од страна на откупувачите.
Еден од тутунарите пишува дека прва рака од тутунот- 4 пакети им се проценти 3 класа, втора рака од тутунот два пакети – 2 класа и се друго проценето 3 класа.
-Се разбира вратено назад, пишува тутунарот.
Друг тутунар пишува дека одбитоците се повторно високи 7 проценти.
Ако продолжи откупот на ваков начин тие велат дека протестите ќе продолжат.
А.Б