fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Хоџа откри неправилности при откупот на „Сокотаб“ во населбата Драчево, повикува на трпение

Министерот беше присутен на откупниот пункт на „Сокотаб“ во населбата Драчево за да ја набљудува проценката на тутунот. Комисијата отвори и процени 12 кутии тутун. При тоа само во една од спорните кутии беше утврдено дека има грешка при проценката, односно наместо втора класа, беше проценето како од трета класа.

Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа денеска беше во обиколка на откупен пункт за да се увери и самиот како тече откупот на тутунот. Тој утврди мали неправилности и повика на трпение од двете страни.
-Министерот Аријанит Хоџа во петокот на состанокот со Иницијативниот одбор на незадоволни тутунари, вети дека внимателно ќе го следи целиот процес за да биде што е можно потранспарентен. Денеска, тој беше присутен на откупниот пункт на „Сокотаб“ во населбата Драчево за да ја набљудува проценката на тутунот. Комисијата отвори и процени 12 кутии тутун. При тоа само во една од спорните кутии беше утврдено дека има грешка при проценката, односно наместо втора класа, беше проценето како од трета класа.
Министерот Хоџа ги повика сите учесници во овој процес да бидат трпеливи, бидејќи само на овој начин ќе можеме да ги решиме сите проблеми што ги имаме со тутунот.
Државниот инспекторат секој ден е на терен и ќе постапува согласно законот за евентуални неправилности, информираат од МЗШВ.
А.Б
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close