Вработените без плати, а парите в џеб – сопственици на фирми повторно ја злоупотребиле државната помош
Од работодавците што не исплатиле плати, а добиле поддршка, најмногу се од дејноста трговија на мало, дејноста за служење храна и од транспортот. Најмногу од фирмите се од Скопје по што следуваат Тетово и Гостивар.
Без плата во октомври останале 338 вработени во 179 фирми, на кои државата им дала финансиска помош за исплата на платите, објави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.
Таа појасни дека овие компании, во рамките на четвртиот пакет-мерки, добиле финансиска помош од речиси 5,3 милиони денари, а единечната помош за вработен е од 14.500 денари до 21.776 денари во зависност од приходите на компанијата.Лукаревска рече дека списокот на компаниите ќе биде доставен до Генералниот секретаријат на Владата, која треба да го објави јавно и тој нема да биде ажуриран. Од работодавците што не исплатиле плати, а добиле поддршка, најмногу се од дејноста трговија на мало, дејноста за служење храна и од транспортот. Најмногу од фирмите се од Скопје по што следуваат Тетово и Гостивар.
На работодавците им се доставени опомени по што следува постапка на присилна наплата. Предвидена е глоба од 500 до 1.000 евра за микропретпријатие, од 500 до 2.000 за мало претпријатие, од 1.000 до 6.000 за средно претпријатие и од 1.000 до 10.000 за големо претпријатие.
https://makfax.com.mk/ekonomija/-%D1%9F%D0%B5%D0%B1/