fbpx
ВестиМакедонија

Вакцините ќе стигнат во март, најави Филипче

Вакцините против КОВИД-19 ќе ги добиеме во месец март, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција

Најавите преку Ковакс системот е дека вакцините против КОВИД-19 ќе ги добиеме во месец март, изјави министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање.

Според неговите информации таква е ситуацијата и во другите земји во регионот кои набавките ги вршат преку овој механизам.

„Во разговор со грчкиот министер за здравство, тој ми кажа дека и тие вакцината ја очекуваат во март“, рече Филипче додавајќи дека од директните контакти со компаниите му било укажано дека ова е нивна глобална политика и дека имаат пристап по региони.https://nezavisen.mk/vakcinite-kje-stignat-vo-mart-najavi-ministerot-filipche/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close