Невреме ќе ја зафати Македонија попладне
Од УХМР информираат дека претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, додека попладне се очекува да има локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и во источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и со умерен до засилен северен ветер. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе достигне до 33. степен. Променливо облачно, ветровито и доста посвежо со локален дожд ќе биде и утре. Ќе дува засилен до силен северен ветер, кој наместа ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.
За време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо со умерен до засилен северен ветер.