fbpx
ВестиМакедонија

Вработени од приватниот сектор го очекуваат својот надоместок за годишен одмор

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на календарската година, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите од приватниот сектор и тоа да исплатат на вработените кои кај нив (кај истиот работодавач) работеле најмалку 6 (шест) месеци во текот на една календарска година.

Остануваат уште 3 недели до крајот на месец декември или месец во кој сите вработени од приватниот сектор го очекуваат својот надоместок за годишен одмор познат како регрес или К-15.

Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на календарската година, а исплатата на регресот е задолжителна за работодавачите од приватниот сектор и тоа да исплатат на вработените кои кај нив (кај истиот работодавач) работеле најмалку 6 (шест) месеци во текот на една календарска година. Како минимален износ за исплата на регресот е определен износот во висина од 40% од просечната месечна нето плата по работник во РСМ исплатена во последните три месеци пред донесување на Одлуката за исплата на регресот, кој износ во моментов изнесува 10.962,оо денари. За овој износ е уредено да се исплаќа и данок за личен доход за вработениот, кој во овој случај изнесува износ од 1.218,оо денари.

https://pari.com.mk/pravo-nadomestok-godishen-odmor-regres/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close