fbpx
ВестиМакедонија

Нема нови даноци, во план се повисоки стапки само за недвижности што не се користат

Нови даноци нема да има и стапките кои во моментов се на сила остануваат.

Нови даноци нема да има и стапките кои во моментов се на сила остануваат. Што се однесува до данокот на имот и промените што се предложени и се влезени во собраниска процедура, се работи за намера, односно цел да биде активиран недвижниот имот во Република Северна Македонија, кој не е активиран во моментот.

Ова го истакна заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски на третиот ден од расправата во Собранието по дополнетиот предлог -буџет за 2021 година, одговорајќи на пратеник од опозицијата.

Потенцира дека остануваат истите стапки на данокот на недвижен имот како што се, додека оние кои имаат неискористен имот повеќе од шест месеци, тогаш тој ќе биде оданочен со стапка на данок на имот три пати поголема.

Појасни дека тоа не се однесува само на станови и куќи, кои не се издаваат, бидејќи тие нема да се даночат, туку и на индустриски објекти кои стојат неискористени и не придонесуваат во економскиот живот.https://nezavisen.mk/vlasta-smiruva-nema-novi-danoci-vo-plan-povisoki-stapki-samo-za-nedvizhnosti-shto-ne-se-koristat/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close