fbpx
ВестиМакедонија

Бектеши:Поддршка на стопанството за надминување на штетите од ковид-пандемијата

-Со четвртиот сет мерки Министерството за економија обезбеди директна финансиска поддршка за туристичкиот сектор, за компаниите од услужните дејности и за организирање настани како свадби, за занаетчиите, но и за компаниите кои што и покрај пандемијата инвестираа во подобрување на својата конкурентност, рече Бектеши

Главниот предизвик што ги одбележа првите 100 дена од работата на Министерството за економија беше справувањето со негативните ефекти врз стопанството предизвикани од пандемијата со КОВИД-19. За таа цел го реорганизиравме работењето на Министерството за економија и обезбедивме целосна посветеност за поддршка на сите сектори за успешно надминување на проблемите предизвикани од пандемијата, а веднаш почнавме и со реализација на Четвртиот сет мерки за поддршка на економијата, за спас на сите работни места, истакна министерот за економија Крешник Бектеши презентирајќи го отчетот за сработеното на Министерството за економија за 100-те дена од новиот мандат.

-Со четвртиот сет мерки Министерството за економија обезбеди директна финансиска поддршка за туристичкиот сектор, за компаниите од услужните дејности и за организирање настани како свадби, за занаетчиите, но и за компаниите кои што и покрај пандемијата инвестираа во подобрување на својата конкурентност., рече Бектеши заблагодарувајќи се на сите кои беа вклучени во реализација на сите процеси во овие 100 дена, како и на сите стопанственици, занаетчии, туристички работници, граѓани кои помогнаа брзо и ефикасно да се реализираат мерките превземени од Министерството за поддршка на економијата.

Во првите 100 дена од работењето, додаде тој, потпишани се нови договори со 39 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 56 милиони евра од Законот за финансиска поддршка на инвестициите за 2020 година. Тоа се, рече, компании кои и покрај светската економска криза, инвестираат во развој, во нови вработувања и зголемување на конкурентноста.https://nezavisen.mk/bekteshi-vo-prvite-100-dena-prioritet-poddrshka-na-stopanstvoto-za-nadminuvanje-na-shtetite-od-kovid-pandemijata/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close