fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

БИДНА ДОГОВОР ЗА ТУТУНОТ, сите го прифатија освен „Сокотаб“

Тутунарите вечерва во Прилеп се договорија со откупувачите, протестите на патиштата престануваат, откупните фирми потпишаа и писмени гаранции. Но за жал со договорот не се согласи само најголемиот откупувач во Македонија, „Сокотаб“ кој откупува 7 милиони килограми тутун, од договорени 23 милиони за оваа година.

Тутунарите вечерва во Прилеп се договорија со откупувачите, протестите на патиштата престануваат, откупните фирми потпишаа и писмени гаранции. Но за жал со договорот не се согласи само најголемиот откупувач во Македонија, „Сокотаб“ кој откупува 7 милиони килограми тутун, од договорени 23 милиони за оваа година.

„Непречено да се одвива линијата за продажба на тутун. Во последниите два дена има подобрување на откупот и сите откупувачии се согласуваат да продолжат да воспостават флексибилна лиинија со тоа што реално ќе се процени квалитетот на тутунот. Секој ден јас како миинистер ќе ја објавувам продадената колиичина на тутун и просечната цена. Иисто така на 75% од откупениот тутун заедничкии ќе се состанеме и ќе изнајдеме решение за вишокот на тутун за кој првично иима согласност од откупувачите дека ќе биде откупен. Ова е тоа на што се согласија сите откупувачи освен Сокотаб. Протестите сега нема да бидат со блокирање на патишта и насочени за цела држава туку ќе се одвива пред компанијата која не се согласува со ова што ние заеднички го договоривме. Но мислам дека и тие имаат време до понеделник, можеби имаат потреба од дополнителна консултација со нивните шефови и газди така што ќе чекаме на позитивен епилог од тоа“, истакна Аријанит Хоџа, министер за земјоделство.

Тутунарите се задоволни од договорот и велат дека доколку сите се придржуваат до договореното ќе ја добијат бараната цена. Револтирани се само на откупувачот Сокотаб, кој од засега неразбирливи причини не се согласи на тоа што вечерва се договорија сите откупувачи.

 

„На договорот е потпишан и министерот и иницијативниот одбор и здружението, не се потпиша само Сокотаб. Се договоривме на флексибилна  линија, а што значи тоа. Тоа значи, тоа што е двојка ќе си оди двојка, сега оди во тројка. Тоа што е прва класа сега ќе си оди прва класа. Тоа што е трета класа ќе си оди во втора класа. Значи преодните бербии да одат во погорна класа. Сега одат во подолна класа. До сега не даваа кец, сега ќе даваат и кец. Ако не се придржуваат до тоа ние ќе се вратиме на протестите“, рече Игор Мирчески, Иницијативен одбор на тутунари.

Од Иницијативниот одбор на тутунарите рекоа дека од понеделник протестиите ќе бидат пред сите пунктови на Сокотаб и во фабрката во Драгожани се додека тие не се согласеле да се потпишат на овој договор.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close