
Хоџа-Просечната цена на тутунот е зголемена од 162 на 167 денари
Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на тутунарите им порачува дека битката треба да ја водат на откупните пунктови и на вагите, а не пред Владата и на улиците со блокади.
Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа на тутунарите им порачува дека битката треба да ја водат на откупните пунктови и на вагите, а не пред Владата и на улиците со блокади. Сепак, тој се согласи дека имаат право да се лутат зашто, како што посочи, скоро 65 отсто од проценката е лоша и тоа е докажано преку Второстепената комисија.
-Точно е, откупот на тутунот почна лошо, но веќе е постигнат напредок и има подобрување. Просечната цена е зголемена од 162 на 167 денари. Преземањето на договорените количини не смее да запре, процесот мора да продолжи, а за тоа е неопходна флексибилност од двете страни. Ситуацијата постојано ја следиме, разговараме и со производителите и со откупувачите, постојано комуницираме и нашата интенција е да најдеме најдобри решенија за двете страни, рече вчера министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа при гостувањето на Тв Телма.
Хоџа нагласи дека е можно до крајот на откупот да се достигне и ланската цена од 220 денари за килограм.
А.Б