fbpx
ВестиЕкологијаМакедонијаТоп вести

Предлагаме 20 пати повисоки казни за загадувачите, рече Нуредини

„Секој од нас треба да придонесе за чист воздух и здрава животна средина, а ние како Министерството преземавме низа чекори за тоа да биде остварливо, кажа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на денешната прес-конфренција за 100 дена Влада.

„Секој од нас треба да придонесе за чист воздух и здрава животна средина, а ние како Министерството преземавме низа чекори за тоа да биде остварливо, кажа министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, на денешната прес-конфренција за 100 дена Влада.

Како што кажа Нуредини, во Собранието се поднесени предлози за измени на девет закони од областа на животната средина, во кои се предвидени до 20 пати повисоки казни за загадувачите, и дополнително со новиот Закон за прекршоците е предвидено секој што ќе ги прекрши законите од областа на животната средина или нема да работи согласно дозволите, покрај тоа што ќе мора да ја плати казната, ќе треба да ја надомести и сторената штета.

„Со предложените измени на Законот за животна средина создадовме алатка за справување со историското загадување и жешки точки. Истовремено, изготвивме и доставивме до Собранието и измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух со кои се утврдија критериуми и донесување на листа на општини кои ќе мораат да изготват планови за чист воздух за своите граѓани. Дополнително, согласно ЕУ законодавството, се пропиша обврска за донесување на краткорочни акциски планови во периодите кога имаме високи концентрации на загадување во одредени општини, кои ќе мора да бидат одобрени од Министерството за животна средина и просторно планирање и да содржат конкретни задолжителни мерки кои се однесуваат на транспортот, индустријата, ранливите групи, работното време и така натаму. Доколку општините не ги спроведат овие мерки, Владата ќе може да предвиди стапување на сила на вакви рестрикции не само како препораки, туку како наредби“ кажа министерот Нуредини.https://sdk.mk/index.php/makedonija/predlagame-20-pati-povisoki-kazni-za-zagaduvachite-opshtinite-ke-mora-da-si-napravat-planovi-za-chist-vozduh-kazha-ministerot-nuredini/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close