fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Протестите на оризопроизводителите ставени во мирување до петок

По неколку часа средба со министерот за земјоделство Аријанит Хоџа претставниците на оризопроизводителите излегоа делумно задоволни од постигнатиот договор.

По неколку часа средба со министерот за земјоделство Аријанит Хоџа претставниците на оризопроизводителите излегоа делумно задоволни од постигнатиот договор. На состанокот тие ги претставиле 12те барања кои се однесуваат за помош и поддршка на земјоделците погодени од ковид кризата со акцент на поддршката за оризопроизводството.

-На средбата предочивме дека е нелогично откупните цени во земјава да се ниски и постојано да паѓаат а на берзите во европската унија тие имаат постојан рас и во моментов достигнуваат од 345 до 520 евра за тон оризова арпа како и 800 до 1300 евра за тон бел ориз. Ние побаравме и итна исплата на субвенциите за оризот за ова категорија на земјоделци кои немаат предадени ни ориз да имаат финансиски средства за сервисирање на долговите и тековните сопствени расходи. Оваа година земјоделците па и оризопроизводителите се сериозно погодени од Ковид кризата заради што сметаме дека се неопходни антикризни мерки кои досега се даваа на граѓанството а земјоделците иако се социјално најранлива категорија беа изоставени рече Ставре Јанев од самостојниот синдикат на земјоделците.

Во своите барања доставени до министерството за ублажување на последиците од Ковид кризата тие предлагаат да се воведе еднократна финансиска помош за земјоделци чии приходи се на ниво на најниската плата, ослободување од закупнина за државна земја за 2020 година, ослободување на земјоделците од аконтативно плаќање на данок при откупот како и ослободување од така наречено прогресивно оданочување. За да се стават протестите во мирување според оризопроизводителите клучни се три основни барања од кои едното им било отфрлено.

-Одборот за заштита на оризопроизводството ги истакна трите најзначајни барања. Оризовата арпа да се откупува до 25 до 30 денари зависно од класата, потоа предложивме оние 12 илјади денари кои декларативно се предвидени за употреба на семенски материјал да се спојат со основната субвенција од 18 илјади денари и субвенцијата по хектар да изнесува 30 илјади денари бидејќи нема домашно а нема ни можности за увоз на семенски материјал за сеидба на оризот како и исплата на дополнителни 5 денари за предаден ориз во преработувачки капацитет за надминување на тешката состојба во кој се западнати производителите. Министерот ни одговори дека за дополнителна поддршка од 5 денари нема пари во буџетот а барањата за спојување на субвенциите и за зголемување на зелената на нафта од сегашните 40 на 150 литри од хектар колку што реално трошиме дека ќе ги предложи на разгледување на утрешниот состанок на владата рече Драгољуб Гаврилов од одборот за заштита на оризопроизводството.

Според оризопроизводителите министерот ветил и дека ќе има итна средба со платежната агенција за да се види дали може да се забрза исплатата на субвенциите, дека ќе оствари средба со откупувачите па ќе организира и заедничка средба потоа што за оризопроизводителите е прифатливо. Сепак ако не се исполнат главните барања за откупната цена и субвенциите оризопроизводителите најавуваат дека ќе го активираат протестот и ќе преземат и порадикални мерки бидејќи веќе се доведени до работ на својата егзистенција.

Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close