fbpx
ВестиТоп вести

ВАЖНО-Сточарите ќе добијат по 400 денари за предадено и заклано јагне во кланични капацитети

Нанова вест за одгледувачите на овци.

На денешната седница на Владата донесена е одлука за дополнителна мерка за предадено и заклано јагне во кланични капацитети од 400 денари по грло јагне. Со оваа мерка се опфатени 3600 земјоделски сточарски стопанства кои имаат предадено во кланични капацитети околу 190.000 јагниња.
Ова следува после одржаниот состанок на Министерот Арјанит Хоџа со Сојузот на одгледувачи на овци кој се одржа во еден модерен европски дух и заеднички договор во интерес на иста цел – зголемување на сточарското производство.
Исто така Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 2.04.2020 ја усвои Уредбата за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со измените на оваа Уредба, се зголемува финансиската поддршка за сточарите одгледувачи на овци, за задржано женско јагне од досегашните 700 денари на 1 500 денари по грло.
Владата ја донесе ваквата одлука поради новонастанатата состојба и проблемите со откуп на јагне, поради здравствено-економската криза предизвикана од глобалната пандемија од коронавирусот. После пописот на овците се виде цилисходноста на оваа мерка. Во 2020 год оставени се 167.000.јагниња за приплод, што е зголемување за 45.000 јагниња за разлика од 2019 год. кога имавме оставени 123.000 женски јагниња за приплод.
Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close