Нов оглас за закуп на Џумајлија
Покрај површините на Џумајлија во Свети Николе од 3.300 хектари, на огласот се понудени и помали парцели во Струмица, Ресен и во Струга.
Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни и странски правни лица, а закупот е од 15 до 70 години во зависност од културата што ќе се одгледува.
Правните лица треба да достават бизнис план со целта за која ќе се користи земјиштето, технологијата и бројот на вработените.
Услов за учество во постапката е понудувачите за површините во Свети Николе, во рок од 4 години да инвестираат минимум од 2 до 6 милиони евра со почетната цена на закупнината од 77 до 91.000 евра годишно, во зависност за која географска целина ќе конкурираат.
Рокот за пријавување е 45 дена од објавувањето на јавниот оглас.