fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Кој ќари на ситно на маката на тутунарите

Иницијативниот одбор повикува да се направат списоци на кои тутунари им недостигаат пакети

Тутунарите кои немаат доволно пакети за предавање на тутунот да пријават до поверениците од Сојузот на здруженија на земјоделци, да се реагира преку Министерството за земјоделство за откупните претпријатија да поделат пакети, порачуваат од Иницијативниот одбор. На Фејсбук групата „Македонски тутунари“ веќе се бараат на ‘црно’ пакети и договори за откуп, за што некои тутунари треба да им платат на други тутунари и дополнително да се оптоварат финансиски.

Оние тутунари кои немаат доволно пакети за предавање на тутунот да се пријават до Сојузот на здруженија на земјоделци каде ќе се направат списоци и ќе се достават до откупувачите.

-Да се реагира веднаш до секоја компанија точно да распределат картони. Колку побрзо се направат списоците толку побрзо ќе се реагира, зошто гледам дека на големо се бараат картони, а некој прави бизнис од тоа. Кај имаме ниска цена плус влегуваме во трошоци, пишува Игор Мирчески од Иницијативниот одбор.

На вчерашната средба на примерот Заев со тутунарите од ИО беше истакнато на состанокот, дека ќе продолжи инсистирањето компаниите, откупувачи да ја исполнат својата обврска да ги откупат сите количини на кои се обврзаа со државата, а со тоа и со тутунопроизводителите.

Дополнително се потврди определбата на Владата до крајот на сезоната, откако ќе заврши откупот на договорените количини за оваа година, да се исполни и обврската да се откупи и вишокот тутун од оваа година.

До вчера се откупени близу 3,3 милиони килограми тутун по просечна откупна цена од 167 денари.

А.Б

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close