Азески: Срамно е кога ќе одиме во Брисел, да кажеме дека 20 години немаме попис
Според него, кризата што ја предизвика Ковид ќе има последици уште најмалку 10 години. Тој период треба да го искористиме за целосно реструктуирање на стопанството.
Како држава, не можеме да речеме дека ги преземавме најдобрите можни мерки во однос на кризата, но не потфрливме. Ако резимираме, и државата и приватниот сектор и сите останати институции не беа на највисоко ниво, но држеа солидна кондиција за да може да се преброди Ковид-пандемијата барем засега. Државата навистина помогна во тоа што можеше, се задржа структурата на бизнисот и тоа е факт, вели претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески во интервју за МИА.
Според него, кризата што ја предизвика Ковид ќе има последици уште најмалку 10 години. Тој период треба да го искористиме за целосно реструктуирање на стопанството.
-Дека ќе доживееме некој нагласен скок заради бројките што ќе се појават во првите два квартала од 2021 година, не. Тоа нема да биде. Ние сме свесни дека оваа трпеза треба дебело да се плати и таа ќе биде веројатно пресметана кога ќе заврши пандемијата, нагласува Азески.
Критичен ќе биде моментот, оценува, кога ќе почне да престанува државната помош. Тогаш ќе треба да се поддржат успешните компании, а такви имаме околу 300 – 500, способни да влечат напред. За нив ќе треба да се креира посебен фонд, но под посебни услови – користење нови технологии и иновативни, инвестициски решенија.ttps://nezavisen.mk/azeski-sramno-e-koga-kje-odime-vo-brisel-da-kazheme-deka-20-godini-nemame-popis/