ВестиМакедонијаТоп вести
Пазарџиите од Делчевско со задоволителна оценка за 2020 година
За новогодишната трпеза, информираат, најбарани се свежите раноградинарски производи и овошјето.
Пазарџиите од источниот дел на земјава не се жалат на 2020 година. Ја оценуваат како добра, иако, велат, секогаш може да биде подобро. За новогодишната трпеза, информираат, најбарани се свежите раноградинарски производи и овошјето.
-Годината беше добра, за понатаму ќе видиме. Што се однесува до она што најмногу се бараше денеска, тоа се зелката, морковот и сите раноградинарски производи за салати, како марула и слично. На граѓаните и на моите колеги пазарџии им посакувам добро здравје во Новата година, рече пазарџија од Кочани.
Граѓаните кои го посетија последниот пазарен ден во Делчево, беа задоволни од предновогодишната цена на производите.https://sitel.com.mk/pazardzhiite-od-delchevsko-so-zadovolitelna-ocenka-za-2020-godina