fbpx
ВестиВкусот на традицијатаСовети

Од рециклирана хартија до амбалажа за јајца

Кумановската компанија „М и Т Груп“ дневно рециклира од пет до шест тони хартија од која произведува табли за јајца за фармите од државата.

Кумановската компанија „М и Т Груп“ дневно рециклира од пет до шест тони хартија од која произведува табли за јајца за фармите од државата. Годишно, како што информираат надлежните од компанијата, рециклираат милион и половина тон хартија. Со оваа количина на рециклирање се намалува палењето на хартијата и аерозагадувањето во стоилјадниот град, кој последниве зими бележи високи концентрации на ПМ10 честички.

– Целиот процес на рециклирање е еколошки, безбеден за животната средина. Се собира хартија, се меле, се создава пулпа, се прави готов производ кој потоа се суши во сушилница од која излегува само пареа кој воопшто не загадува. Користиме и фотоволтаици кои ги набавивме и со кои штедиме од трошоците за енергија околу 1.000 евра на месечно ниво, изјави Оливер Тасевски, сопственик на компанијата.

Компанијата која има дозвола за складирање и рециклирање, позитивно влијае на кревање на свеста кај локалното население, институциите, училиштата, обвинителство, државен архив, МВР, компании кои ја собираат и ја рециклираат хартијата.

– Имаме и граѓани кои собираат и носат хартија. Не станува збор за голема количина, но добро што кај поединци се крева свеста дека хартијата може милион пати да се рециклира, да се добие готов производ и повторно да се рециклира, вели Тасевски.https://nezavisen.mk/od-reciklirana-hartija-do-ambalazha-za-jajca/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close