ВестиМакедонијаТоп вести
НАЈНОВА ВЕСТ-Тутунарите гневни, во понеделник на протест пред Влада повикуваат на масовност
Да го искажиме нашето незадоволство од проценката на тутунот и сите други неправилности што се прават на наша штета оваа година.
Расте незадоволството кај тутунарите од проценката на тутунот, гневни на целоупната ситуација кон откупувачите најавија нов протест за во понеделник.
-Почитувани тутунопроизводители и земјоделци, ИО на Фејсбук групата „Македонски тутунари“, повикува на протест пред Влада на Република Македонија на ден 04.01.2021 година со почеток од 12часот до 16 часот. Да го искажиме нашето незадоволство од проценката на тутунот и сите други неправилности што се прават на наша штета оваа година. Ги повикуваме сите земјоделци да ни се придружат. Нема да има организирано провоз,секој кој е во можност нека ни даде подршка. Повикуваме на масовност.
Со почит ИО „Македонски тутунари“
П. С.
Доколку во меѓувреме се обезбеди некаков превоз, барем за дел од учесниците на протестот, ќе бидете на време известени.., информираат од ИО.