fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Одиме на протест, секој тутунар во сопствена режија и на сопствен трошок

Иницијативниот одбор протестот го најави пред Владата во Скопје од 12 до 16 часот.

„Тутунарите одат пред Владата да му честитаат Нова година на премиерот. Секој тутунар се организира во сопствена режија и на сопствен трошок. Од каде ние средства како ИО да организираме превоз или некоја посериозна организација.  Наше е да повикаме, а од тутунарите  зависи дали сакаат да си го решат проблемот или ќе останат и понатаму заспани на нивна штета “-вели Игор Мирчески од Иницијативниот одбор пред денешниот протест на тутунопроизводителите закажан за 12 часот пред Владата во Скопје.

Мирчески вели дека денес премиерот Заев може да ја искористи присутноста на тутунарите и да седне уште еднаш со производителите на маса , по што крајно да се реши проблемот и да се надминат состојбите со откупот на тутунот.

-Кој може да ги реши нашите проблеми ако не премиерот Заев? Тој знае  што да направи, само дали има волја. Затоа одиме пред Влада за поуспешна нова година, вели Игор Мирчески од ИО.

И Васко Јосифовски од Иницијативниот одбор го дели  ставот дека само премиерот Заев може да го реши нивниот  проблем со катастрофално лошиот откуп на тутунот.

-Изворот на нашите проблеми е Владата, таму лежи и решението. Всушност кој друг може да ги реши нашите проблеми, ако не премиерот Зоран Заев. Владата има многу инструменти за притисок врз откупувачите, рече  Васко Јосифовски од Иницијативниот одбор.

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close