ВестиМакедонија
Еве кои фирми зеле државна помош, а не исплатиле плати за ноември
Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле плата на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други.
Владата ја објави ажурираната анализа на неисплатена државна помош за ноември за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош.
Компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а не ги уплатиле средствата на своите вработени се достапни на: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/neplateno_2020_11.pdf
Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од ковид-19.
https://plusinfo.mk/eve-koi-firmi-zele-drzhavna-pomosh-a-ne-isplatile-plati-za-noemvri/