-Колкава треба да биде идеалната цена за продажба на овој тутун?
-Овој треба да биде над 200 денари, бидејќи е од прва класа, но сакаат да го земат како да е втора класа.
Вака денеска се протестираше пред откупните центри во прилепското село Црнилиште. Тутунарите изразуваат незадоволство од ниската откупна цена на тутунот.
Тв 21 објавува
-Колку пари го земаат по килограм?
-100 денари, ниту до 100 денари не стигнува.
Поради ниската цела, голем број жители се принудени да не ја продаваат нивната годинешна реколта.
-Со психички притисок од откупната политика на тутунот. Ова го велиме поради еден факт… Денеска на пример дојдоа во 10:30 часот… Минатите години во ова време речиси 90% од тутунот веќе беше распродаден-вели Реџеп Ибрахими.
Во селото Црнилиште над 90% од жителите се занимаваат со одгледување тутун.
Тутунарите револтирани од ниската откупна цена, но и од лошата проценка на родот вчера се собраа на протест пред Владата. Бараа зголемување на субвенциите, како и загарантиран откуп на вишокот произведен тутун. Обвинуваат дека со новиот закон предложен од Владата, тутунарите се оштетени и бараат под итно негово укинување. Пред неколку дена претседателот на Сојузот на тутунските здруженија се сретна со премиерот Заев и ресорниот министер Арјанит Хоџа. Од Здружението истакнаа дека подобрувањето на цената не е на потребното ниво според очекувањата и барањата на тутунарите. Но, од друга страна, министерот за земјоделство, рече дека е оптимист дека трендот на зголемувањето на откупната цела, иако бавно, сепак оди кон покачување.https://mk.tv21.tv/poradi-niskata-tsena-ne-go-prodavaat-tutunot-zhitelite-na-tsrnilishte-se-zhalat-deka-trudot-ne-im-se-plaka/