Здружението за земјоделска техника на Република Македонија апелира на почетокот на подготовките за есенската сеидба да се разгледа можноста за формирање кооперативи.
– Апелираме бидејќи почнува припремата, преработувачите да ја разгледаат можноста да се направат кооперативи за новата производствена сезона со земјоделските производители, при што од самиот почеток би имале финансиско учество како и друг вид на парична помош во целокупниот производствен процес со што би стекнале целосно право да ја диктираат откупната цена на пченицата, но и меѓудржавната спогодба со Србија за анализи, фитосанитарни и друго пропратни документи, за нивната висина, услови, при увоз на недостатокот на брашно и сточна храна, се наведува во денешното соопштение од Здружението.
Оттаму истакнуваат дека пченицата како стратешка култура, како и другата житарица, заслужуваат поголемо внимание и јасно дефинирана концепција во планирањето на производствената технологија и пазарните услови во државата.