fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Денеска ќе врне цел ден

Утринската температура се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 степени.

Времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, пообилни во западните делови, каде локално ќе наврнат и над 20 л/м2. На повисоките планини на северозапад врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 1 до 8 степени, а дневната од 3 до 15 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно со врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 10 степени.

Најмногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Пожаране 30 литри на метар квадратен. Поинтензивен дожд утрово има во Маврово, а врнежите се претежно во западните делови.

Во Пожаране утрово се измерени 3 степени, во Крива Паланка и Куманово 4 степени, во Скопје-Зајчев Рид и Петровец, Тетово, Лазарополе и Маврово, во Штип 6, Oхрид, Претор, Прилеп, Битола, Берово и
Демир Капија 7, во Струмица 8, во Гевегелија 9 и во Дојран 11 степени.

Најмногу жожд во изминатите 24 часа наврнаа во Пожаране 30 литри на метар квадратен, Охрид 23,  Крушево 21, Тетово 15, Претор 14, Битола 10, Скопје-Зајчев Рид 8, во Прилеп, Берово и Куманово пет, Штип четири л/м, Крива Паланка и Скопје-Петровец три л/м2, во Гевгелија 2, и во Демир Капија и Струмица еден л/м2.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close