fbpx
Вести

Зголемена продажбата на земјоделски производи, намален откупот

Во второто тримесечје од 2016 година откупот и продажбата на земјоделски производи се зголемени за 17,3  отсто во однос на тој период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

zgolemena prodazhbata na zemjodelski proizvodi namalen otkupot

 

Податоците покажуваат дека е забележано намалување од 3,5 отсто кај откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители, додека кај продажбата на земјоделски производи од сопствено производство е забележано зголемување за 47,4 отсто.

Зголемување на откупот и продажбата на земјоделски производи е забележано кај градинарските и фуражните растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, живината и јајцата, млекото, млечните производи и рибата, а намалување е забележано кај житата, индустриските растенија и добитокот.

Месечната дистрибуција на вредноста на откупот и продажбата на земјоделски производи покажува пораст во сите три месеци од тримесечјето.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close