fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

ИО-Проблемот со вишокот на тутун и поделба на картони утре пред министерот Хоџа

Од Иницијативниот одбор обвинуваат дека се поочигледно е дека на тутунари блиски до партиите на власт тутунот им се цени повисоко, со што се прави раздор меѓу производителите, бидејќи со ценењето „по партиска линија“ трпат останатите тутунари.

Иницијативниот одбор на тутунари утре по четврт пат ќе оди на средба со министерот за земјоделство Арјанит Хоџа и откупувачите на која ќе се разговара за проблемите со откупот на тутунот. Меѓу приоритетите освен реалното ценење и откупната цена за решавање е и проблемот со вишокот на тутун и поделбата на картони велат од  Иницијативниот одбор на тутунари пред  утрешната средба во Скопје.

-Тутунарите најмногу ги загрижува ниската откупна цена, но не помал проблем за нив е и вишокот на тутун што го произведоа годинава, односно откупувачите ни ги скратија договорите и го направија овој вишок на тутун, затоа на утрешната средба ќе дискутираме уште еднаш на таа тема да им се откупи на производителите целиот произведен тутун и да им се поделат картони, велат од Иницијативниот одбор на тутунари за Зелена берза.

На утрешната средба во МЗШВ ќе присуствуваат четворица претставници од Иницијативниот одбор кои немаат голем оптимизам дека работите за брзо ќе се средат на терен.

-Одиме со доза на песимизам, оти реално и сами знаете претходно имавме три средби со министерот и откупувачите, едно се кажуваше на маса, а друго се исполнуваше на терен, така што не сме убедени дека ќе ги исполнат нашите барања, велат од ИО.

Од Иницијативниот одбор  обвинуваат дека се поочигледно е дека на тутунари блиски до партиите на власт тутунот им се цени повисоко, со што се прави раздор меѓу производителите, бидејќи со ценењето „по партиска линија“ трпат останатите тутунари.

А.Блажевска

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close