fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Во Кумановскиот регион зголемени водостоите на реките кои се влеваат во река Пчиња

Излеани се Крива Река кај селата Белјаковце, Довезенце, Јажинце и Клечовце, и река Пчиња кај селата Шупл Камен, Пчиња и Студена Бара. По течението на река Пчиња поплавено е претежно земјоделски земјишта 7-8 викендици и 3-4 индивидуални куќи за живеење - претежно помошни објекти.

Кумановски регион
Заради обилните врнежи од дожд зголемени се водостоите на реките кои се влеваат во река Пчиња (Градшница и Петрошница) заради што има излевање на реката Петрошниоца помеѓу селата Макреш и Војник.
Излеани се Крива Река кај селата Белјаковце, Довезенце, Јажинце и Клечовце, и река Пчиња кај селата Шупл Камен, Пчиња и Студена Бара. По течението на река Пчиња поплавено е претежно земјоделски земјишта 7-8 викендици и 3-4 индивидуални куќи за живеење – претежно помошни објекти. Поплавено е и дел од обработливо земјоделско земјиште во атарот на селата Шупли Камен, Јачинце, Довезенце, Клечовце, Пчиња и Студена Бара. Специфичен проблем кој битно влијае на излевањето на реката Крива претставува претходно полупаднатиот мост кој ги дели селата Горно и Долно Довезенце, кој ја блокира водата која се заезерува и се излева од речното корито кон с.Јачинце.
Оштетен е и постоечкиот мост со цевки Ф – 1000 кој на реката Пчиња од Шупли Камен кон с.Клечовце по течението кај м.в.Визијана.
Зголемен е и протокот на реката Пчиња, во опш.Старо Нагоричане поради зголемен водостој во Р.Србија како и низводно поради вливот и зголемениот проток на реките Бистрица, Алгушница, Петрошница. Во моментот од страна на АД Кумановско Липковско Поле се превземаат дејствија за отстранување на вегетацијата и правење насипи на Река Пчиња кај с.Војник и Ветуница во атар на опш.Ранковце.
Во опш.Старо Нагоричане реката Пчиња излева од мемориалниот центар Асном до Куински мост во должина од 7км.
Во опш.Ранковце, на Ветуничка Река срушен е мостот на регионален пат во с.Ветуница кај м.в.Маркова Куќа. Во с.Гиновце, дотекла вода од суводолица која се има излеано на локален земјен пат и кон неколку ниви во близина. Надлежните од опш.Ранковце ќе преземат мерки за санирање на состојбата.
Во село Псача, опш.Ранковце на м.в.Стара брашнара водата од Крива Река има прелеано мост (изграден од шасија) и неможе да се утврди дали мостот стои или е однесен. Мерки ќе се преземат после намалување на нивото на водостојот.
Поради излевање на Крива Река кај с.Куклица, опш.Кратово, отежнато е поминувањето преку мостот на реката.
Обилните врнежи предизвикале и заматување на водата во градскиот водовод при што Претпријатието за стопанисување со водоводната мрежа врши хлорирање.
Нема опис за фотографијата.
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close