fbpx
Агро бизнисМакедонија

Само со сигурен пласман на млекото и стабилна цена – поддршка на фармерите млекопроизводители

Партнерството што се гради со години може да опстане само ако има постојана поддршка и доверба. Довербата се гради со години, каде важно е да се знае дека зад себе имате сигурност. Гаранцијата е основа на партнерскиот однос што го изградија Битолска млекара и нејзините кооперанти.

Во тешки моменти се гледа дали еден партнерски однос опстојува или не. Партнерството што се гради со години може да опстане само ако има постојана поддршка и доверба. Довербата се гради со години, каде важно е да се знае дека зад себе имате сигурност. Гаранцијата е основа на партнерскиот однос што го изградија Битолска млекара и нејзините кооперанти. За висококвалитетниот производ, фармерот има гаранција дека ќе има сигурен пласман по сигурна цена. Станувањето кооперант на Битолска млекара, за многу мали семејни фарми значеше обезбедување сигурна иднина и можност за развој. Млекопроизводителите кооперанти, помогнати од Битолска млекара изградија перспективен бизнис и обезбедија сигурна иднина.

Моментот на гаранција беше тука и во неизвесната и кризна КОВИД-19 година. “Воспоставената соработка и партнерство меѓу Бимилк како најголем млекопреработувачки капацитет во државата и нашите кооперанти, даде навистина големи резултати. Дури ни во оваа кризна година не се отстапи од оваа соработка од двете страни, пред се заради заедничката одговорност што ја имаме кон граѓаните и континуираното снабдување со квалитетни производи. Соработката и комуникацијата се одвиваат дневно, и на тој начин создадовме основа што и понатаму ќе се развива. Резултатот од сето тоа ќе биде од корист за целата млечна индустрија”, објаснува директорот на Бимилк, Ѓорѓи Петрушев.

За Бимилк партнерскиот однос е приоритет и затоа постојано вложува и ги поддржува своите кооперанти, фармерите. Покрај стабилен и загарантиран откуп на млекото, млекарата ги помага фармерите за набавување опрема, за зголемување на сточниот фонд, проширување на капацитетите со изградба на штали, поддршка при обезбедување квалитетен семенски материјал преку вештачко осеменување и секој друг начин каде што може да се интервенира и да помогне.

“Фармерите, кога имаат загарантиран и стабилен откуп, се охрабрени и самите да влегуваат во инвестиција и да вложуваат во проширување и репродукција. Покрај директната поддршка, Бимилк ќе продолжи да биде посветен застапник и на заедничките интереси пред надлежните институции, со неуморно предлагање развојни мерки и пружање аргументирана дискусија за придонесот на млечната индустрија за националната економија. Поддршката на развојот и растот на фармите го гледаме како влог во стабилно производство и создавање производ со врвен квалитет и тоа на подолг рок”, објаснува Петрушев за поддршката што ја дава Бимилк за фармерите.

Бимилк како најголема млечна индустрија во земјава и извозник во неколку земји, има обврска да користи сурово млеко кое е според параметрите на европските стандарди. Во таа насока, истите стандарди се обидува да ги пренесе и на фармерите преку инвестиција во едукација на фармерите, знаења и стручни совети и консултации од специјалисти од европските земји.

Взаемната одржливост продолжува и понатаму, дури и во кризната КОВИД-19 година кога Битолска млекара ја задржа откупната цена на млекото како и планираните загарантирани количини откуп.

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close