fbpx
Агро бизнисВестиМакедонија

Нормализиран сообраќајот за товарни возила на Стража-Кичево и Велес-Прилеп, останува забраната за Маврово-Дебар

Единствено поради снежни врнежи останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар.

Авто Мото Сојузот на Македонија утринава соопшти дека е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Стража – Кичево, а од четири часот сообраќајот се одвива нормално и на регионалниот пат Велес-Прилеп по преминот Плетвар.

Единствено поради снежни врнежи останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Маврово-Дебар.

На останатите патни правци низ државата, сообраќајот се одвива по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close