Стомнароски-КАЈ ПОВЕРЕНИЦИТЕ ПРИЈАВЕТЕ ВИШОК НА ТУТУН
ВАЖНО-За пријавување ви се потребни следните документи -ИДБР, идентификациски број од земјоделското стопанство, име и презиме од тутунарот, телефон за контакт и количина на вишокот на тутун.
Тутунарите кои имаат вишок произведен тутун да го пријават кај поверениците на Сојузот на тутунарски здруженија кои се на откупните ваги, повикува Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на тутунарски здруженија. Сојузот заедно со Иницијативниот одбор на тутунари постигнаа договор со откупивачите да биде откупен вишокот на тутун откако до 15 или евентуално 20 февруари, ќе заврши откупот на договорениот тутун.
-Ги повикуваме тутунарите што побрзо да го пријават вишокот на тутун кај нашите повереници на откупните пунктови. Значи сите тутунари кои се во руралните општини не мора да патуваат до најблискиот град за да го пријават вишокот на тутун во ПЕ на МЗШВ, туку тоа да го направат секој ден од понеделник до петок на самите ваги каде што го предаваат тутунот, апелира Стомнароски.
За пријавување на тутунарите им се потребни ИДБР, лични податоци -име и презиме и количина на вишок тутун.
-Ние имаме 202 повереници на исто толку откупни места, значи и таму можат да се прават списоци кои потоа ќе се комплетираат во Министерството за земјоделие и вишокот на тутун ќе се распредели по откупувачите, наведува Стомнароски.
А.Б