
„Острови“ од пластичен отпад се појавија на Дебарското Езеро
Последните обилни и интензивни дождови го зголемија водостојот на реките Радика и Црн Дрим, а со тоа и на Дебарско Езеро
Последните обилни и интензивни дождови го зголемија водостојот на реките Радика и Црн Дрим, а со тоа и на Дебарско Езеро, што секако поволно ќе се одрази во производството на електрична енергија во ХЕ „Шпилје“, но и на заштитата на езерската флора и фауна.
Меѓтоа, водите од реките донесоа и големо количество, пред се, на пластичен отпад од дивите депонии по долината на реката Радика, кои почнаа да создаваат „острови од отпад“ на површината на Езерото.
Појавата е позабележителна кај селото Долно Косоврасти, кај Косоврашки Мост, каде Радика се влева во Езерото, како и кај Мелнички Мост.
– ОВАА ПОЈАВА Е ПРИСУТНА СЕКОГАШ КОГА ИМА ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ГОЛЕМ ДОТЕК НА ВОДА ВО РАДИКА И НЕЈЗИНИТЕ ПРИТОКИ. ТОА НАЈЧЕСТО Е НА ЕСЕН И НА ПРОЛЕТ,НО ЕТЕ СЕ СЛУЧУВА И СЕГА ПО ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ, ПОСЕБНО ПОРАДИ ФАКТОТ ШТО ИЗМИНАТТЕ МЕСЕЦИ ВОДОСТОЈОТ НА РЕКИТЕ БЕШЕ МНОГУ НИЗОК, ВЕЛАТ ОД ЕКОЛОШКОТО ДРУШТВО „ДЕШАТ“.