fbpx
Агро бизнисВестиТоп вести

Преспанските земјоделци преку агрометеоролошка станица ќе се информираат за повеќе параметри

Во јаболковите насади на средното општинско училиште „Цар Самоил” во Ресен поставена е агрометеоролошкa станицa со софтвер за земјоделски култури, преку која земјоделците во Преспа ќе може да се информираат за моменталните температура и влажност во воздухот.

Во јаболковите насади на средното општинско училиште „Цар Самоил” во Ресен поставена е агрометеоролошкa станицa со софтвер за земјоделски култури, преку која земјоделците во Преспа ќе може да се информираат за моменталните температура и влажност во воздухот.

Агрометеоролошката станица е дел од проектот „Иновациите во функција на унапредување на земјоделството во Пелагонискиот регион” реализиран преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

На поставувањето присуствуваа градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, директорот на Центарот за развој на Пелагонискиот регион, Гого Видимче и директорот на СОУ „Цар Самоил”, Славица Божиновска.

– Агрометеоролошката станица МЕТЕОБОТ ќе биде од огромна помош на земјоделците од Преспанскиот регион поради тоа што има сензори за мерење на температурата и влажноста на воздухот, воздушниот притисок, брзината на ветрот, количеството на врнежи, соларната радијација, влажноста на лист и сензор за мерење на температурата на почвата, информира градоначалникот Гошаревски.

Сите измерени информации, појасни, станицата ги собира во временски интервал од 10 минути и преку GPRS ги испраќа до сервер, каде се обработуваат и се препраќаат до компјутерската и мобилната апликација.

– Станиците се целосно автоматизирани и независни, што значи дека корисникот информациите ги презема преку компјутерска и мобилна апликација, без физички да ја посетува агрометеоролошката станица, истакна Гошаревски.

Апликациите може да се спуштат преку андроид и IOS уреди. https://24info.mk/%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8%D1%82%D0%B5-

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close