fbpx
Вести

Ќе се санира дел од каналот за наводнување кон Војшанци

Каналот за наводнување од селото Пепелиште кон селото Војшанци, Неготинско е оштетен и ќе започне негова санација, информира директорот на АД Водостопанство, подружница „Тиквеш“ од Кавадарци, Љубе Димов.

kje se sanira del od kanalot za navodnuvanje kon vojshanci

 

– Станува збор за оштетен дел од каналот во должина од дваесетина метри. Екипата за санација утре ќе започне со работа и ќе го приспособи каналот за наводнување во најкус можен рок. Според моите сознанија во тој дел лозовите насади се веќе полеани и во моментов немаат потреба од наводнување. Дваесетина земјоделци кои одгледуваат зеленчук и кои имаат итна потреба од вода за наводнување ќе ја добијат, за да не се исушат нивните земјоделски култури, соопшти Димов.

Според него, станува збор за најстариот дел од каналската мрежа во Тиквешијата.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close