Горивата ќе поскапат од денар до денар и половина од ноќеска на полноќ
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на дизелот се зголемуваат за еден денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за литар
Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-95“ и на дизелот се зголемуваат за еден денар за литар, додека малопродажните цени на бензинот „еуросупер БС-98“ и на екстра-лесното масло за домаќинство се зголемуваат за 1,50 денари за литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката од 11 јануари, информираат од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Бензинот „еуросупер БС-95“ од ноќеска ќе можат да се набави по цена од 63 денари за литар, додека „еуросупер БС-98“ на бензинските станици ќе чини 65 денари за литар. Возачите ќе можат да го набават дизел горивото по цена од 54,50 денари за литар, а по идентична цена ќе се продава и екстра-лесното масло за домаќинство.
Со најновата одлука на регулаторите се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во земјава во просек за 2,53 отсто.