fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Тутунари бараат помош од лидерот на опозицијата Мицкоски, за проблемот со ниските откупни цени на тутунот

Јосифовски-Се' поблизу е новата производна сезона во која, доколку остане истото законско решение, тутунот ќе биде збришан од македонските полиња

Тутунари, преку јавно обраќање од Фејсбук групата „Македонски тутунари“ бараат средба со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, со надеж дека неговите пратеници во Собранието ќе  достават измени на Законот за тутун.

Васко Јосифовски, креатор на ФБ групата „Македонски тутунари“ во обраќањето вели дека „државните органи задолжени за помош на граѓаните при продажбата на тутунот, се покажаа незаинтересирани за маката на тутунарите со катастрофално нискита откупна цена за оваа реколта.

-Си земам за право и слобода да побарам прием кај Вас во присуство на дел од пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ како би направиле обид да дојдеме до некое корисно решение. Проблемот со тутунот го направи владата преку Собранието со измените на Законот за тутун при што се дозволи неконтролиран увоз на оваа, за нас, стратешка култура. Згора на се, се’ поблизу е новата производна сезона во која, доколку остане истото законско решение, тутунот ќе биде збришан од македонските полиња како што е збришан памукот, афионот, шеќерната репка, конопот…Значи, да се обидеме проблемот да го ставиме на истата маса од која и се створи. Сметајте дека очите на голем број тутунари се вперени кон Вас бидејќи друг излез очигледно не постои, повикува Јосифовски во отвореното писмо до Мицкоски.

Јосифовски вели дека засега нема абе од лидерот на опозицијата, бидејќи Мицкоски бил на пат. Очекува дека до петок оваа недала тутунарите ќе имаа средба со опозицискиот лидер.

Претходно и членови на ИО побараат помош од лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и од други лидери на политички партии. Засега со тутунарите средба имаа само министерот за земјоделие Арјанит Хоџа и тоа неколку пати и една средба со премиерот Зоран Заев.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close