Пријавувањето на вишокот на тутун е до 15 февруари
Од Сојузот на тутунарски здруженија ги повикуваат тутунопроизводителите вишокот на тутун да го пријават до 15 февруари, бидејќи проценките се дека откупот на договорениот тутун ќе заврши најдоцна до 20 февруари.
Пријавувањето на вишокот на тутун ќе се врши до 15 февруари следниот месец, во ПЕ на МЗШВ или кај поверениците на откупните пунктови.
Од Сојузот на тутунарски здруженија ги повикуваат тутунопроизводителите вишокот на тутун да го пријават до 15 февруари, бидејќи проценките се дека откупот на договорениот тутун ќе заврши најдоцна до 20 февруари.
Претседателот на Сојузот Менде Стомнароски ги повикува тутунарите што побрзо да го пријават вишокот на тутун кај повереници на откупните пунктови.
-Значи сите тутунари кои се во руралните општини не мора да патуваат до најблискиот град за да го пријават вишокот на тутун во ПЕ на МЗШВ, туку тоа да го направат секој ден од понеделник до петок на самите ваги каде што го предаваат тутунот, апелира Стомнароски.
За пријавување на тутунарите им се потребни ИДБР, лични податоци -име и презиме и количина на вишок тутун.
До вчера само во ПЕ на МЗШВ во Прилеп 1608 тутунари пријавија 1,5 милиони килограми вишок на тутун.
-Од петокот до денес 1608 тутунопроизводители пријавија вишок на тутун, кој до овој момент изнесува 1,5 милиони килограми тутун. Најголем дел од тутунопроизводителите се од Општина Долнени и од Прилепско. Пријавувањето се врши во одделена канцеларија во објакетот на ПЕ на МЗШВ во Прилеп според сите протоколи предвидени од здравстевните власти за заштита од Ковид-19, потврди Зоран Пачешкоски, раководител на ПЕ на МЗШВ во Прилеп за Зелена берза.
А.Б