Бесплатна анализа за квалитетот на почвата
Од ваша страна беше предложено Владата да формира тимови од експерти од земјоделството и да се испита квалитетот на земјиштето. Сакам да ве информирам дека Владата го прифати тоа ваше барање, формирани се тимовите и ќе почнат да работат, за да кажат дали земјиштето е со нарушен квалитет, дали е во добра состојба и дали може да се продолжи со обработка на земјоделското земјиште со садење на култури.
Ова го истакна премиерот Емил Димитриев, при посетата на населеното место Смилковци за да се запознае со начинот на кој се справуваат институциите и жителите со последиците од поплавите.
-Денеска веќе беше земен еден примерок, граѓаните го информираа премиерот Димитриев.
Испитување на почвата, покрај во Смилковци, ќе се прави и секаде каде што има потреба.