fbpx
Вести

Земјоделците од дебарско субвенционирани со 800 илјади евра

Земјоделците од општините Дебар и Центар Жупа, деновиве почнаа на своите сметки да ги добиваат средствата за финаниска подршка за минатата година.

zemjodelcite od debarsko subvencionirani so 800 iljadi evra

 

– Субвенции лани оствариле 833 земјоделци и сточари, како и 150 млекопроизводители од двете општини. Нив во вкупен износ ќе им бидат исплатени околу 800 илјади евра, вели Арбен Муладаути, овластен раководител на дебарската подрачна единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, која со својата активност ја покрива и општина Центар Жупа.

Според него и на годинешниот оглас за добивање субвенции, лично во Подрачната единица или по електронски пат се добиени речиси идентичен број барања како и лани.

– Освен земјоделци од општините Дебар и Центар Жупа за првпат барања во нашата подрачна единица можеа да доставуваат и земјоделци од подрачјето на Река (општина Маврово Ростуше). Тоа им беше овозможено поради фактот што Дебар им е поблиску од Гостивар, па и трошоците за патување се помали, додава Муладаути.

Субвенциите за секоја тековна година се исплаќаат во следната година, бидејќи потребна е нивна обработка, но и контрола на прикажаната состојба.

Оваа поволност која ја дава државата, оценува Муладаути, позитивно влијае во зголемувањето на опфатот на земјоделските обработливи површини, како и зголемувањето на стадата овци во регионот.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close