fbpx
Агро бизнисМакедонијаТоп вести

НАЈНОВО-Во Прилеп и Долнени пријавени 2200 тони тутун вишок, неопходно е откупните пунктови да бидат отворени секоја наредна сабота

Видео-Прес-конференција на Стомнароски и Пачешкоски

Околу 2,2 милиони килограми вишок на тутун до денеска бил пријавен само во Општините Прилеп и Долнени од страна на 1.060 земјоделци. Од нив 70% се тутунари од Општина Долнени. Раководителот на МЗШВ Прилеп, Зоран Пачешкоски, денеска истакна дека крајниот рок за пријавување на вишокот бил 5 февруари, затоа што ќе требале околу 10 дена за да тој вишок потоа се распредели по откупувачите. Од МЗШВ Прилеп ќе предложат и тоа тутунот да се откупува и секоја сабота до крајот на откупот за да се задржи оваа динамика и да нема проблеми за тутунарите.

„Неопходно е откупните пунктови да бидат отворени секоја наредна сабота до крајот на откупот, за таа динамика да се зголеми и тие денови што не работеа за време протестите да се надокнадат и се во интерес на тутунопроизводителите, бидејќи тутунот им е спакуван, калира и губат на килажа. Затоа доколку се работи и во сабота таков проблем ќе немаме, ќе нема гужби и ќе биде решен проблемот“, вели Зоран Пачешкоски, раководител на МЗШВ Прилеп. 

И од Сојузот на земјоделски здруженија велат дека ќе побараат зголемување на динамиката на откуп, а на терен поверениците собирале податоци за вишокот.

„Сите податоци ќе ги пренесиме во подрачните од Министерството за земјоделие за да може да се испратат во Скопје, да се направи конечен список да видиме со колку вишок на тутун ќе имаме и во кои фирми е тој тутун за да може да се поделат и картони и да се откупи и тој вишок на тутун“, кажа Менде Стомнароски, претседател на Сојуз на земјоделски здруженија.

И денеска тутунарите во голем број го пријавуваа вишокот.

„Вишок имам 1.000 килограми. Имаме договор, но пакети немаат, картони немаме“, рече еден тутунопроизводител.

 „Оваа година имаме многу приход, а малку ни бараат да се откупи. Така да сега за сега јас имам уште некаде еден тон за давање. За цените ако зборуваме се цени една класа подолу“, истакна друг тутунопроизводител кој денеска го пријавуваше виишокот на килограми.

Откупувачите „Сокотаб“ и „Алијанса“ се обврзале да откупат по 1 миилион килограми вишок, а другото да се распределии кај останатите откупувачи.

Инаку досега биле откупени 13 милиони килограми, со просечна цена од 166 денари за килограм.  Од започнување на откупот до денес до Второстепена комисија биле оспорени 7 ваги, со 106 картони на тутун. Од кои 75 Второстепената комисија ги имала преправено во подобра класа.

Дарко Штаргоски за Зелена берза

 

Видот од прес конферецијата објавена на Инфо компас

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close