fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кој директор со силен „бекраунд“ влегува во ЗК Пелагонија?

Акционерското собрание е закажано за 8 февруари, а предлог одлуката за изборот на Поповски е нова точка на дневен ред. 

Александар Поповски е предолжен за нов член на Одборот на директори на Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“. Тој во врвот на компанијата влегува на предлог на Орка холдинг, акционер кој има над пет отсто од вкупните акции на комбинатот. Акционерското собрание е закажано за 8 февруари, а предлог одлуката за изборот на Поповски е нова точка на дневен ред.

 

Поповски влегува во Одборот на директори на ЗК Пелагонија откако два месеци веќе е стратегиски советник во компанијата. Тој е магистер по деловна администрација и во комбинатот носи исклучително искуство, ако се суди по неговите минати позиции. Поповски беше директор на М6 Групацијата (Поранешен сопственик на Скопска пивара) од 2016 до декември 2020 година, а во меѓувреме од 2017 до ноември 2019 година и директор на „М6 Еден“ во Србија. Практично тогаш Светозар Јаневски со М6 ја зема под закуп „Белградската индустрија на пиво“ (БИП) и го обнови производството на ова познато пиво. Сиот процес беше воден токму од Поповски.

Пред ангажманот во М6 Поповски беше на високи позиции во Дојче Телеком и во Т-мобајл во земјава. Работел и во Кока кола и Хајнекен, а професионалниот ангажман го почнува во Скопска пивара уште во 2001 година каде имал менаџерски позиции.

Влезот во врвот на ЗК Пелагонија се смета како освежување за комбинатот и нова сила за унапредување на работата на компанијата.

Инаку ЗК Пелагонија е најголемиот земјоделски комбинат во земјава, во првите девет месеци од 2020 година успеа да оствари оперативна добивка повисока од 44.000 евра. Резултат е особено значаен затоа што добивката е остварена во услови на отежнато работење и бројни рестрикции предизвикани од мерките за справување со здравствената криза предизвикана од корона вирусот.

Во истиот период лани најголемата земјоделска компанија во земјавата имала загуба од 1,6 милиони евра и сегашната добивка од 44.000 евра е неспоредливо подобар резултат во однос на ланскиот.  Промените во врвот се коментираат како можност за дополнителен раст.https://faktor.mk/deceniski-transfer-koj-direktor-vleguva-vo-zk-pelagonija

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close