fbpx
ВестиМакедонија

Почна аплицирањето за субвенции преку „Купи куќа, купи стан“

Споредбено со годината која измина, беа субвенционирани 278 барања, од кои 259 за станови, додека 19 за изградба на куќа.

Објавен е јавен повик од страна на Министерството за финансии, преку кој заклучно со 31. декември годинава, граѓани ќе можат да аплицираат за субвенционирање на станбен кредит од државата наменети за проектот „Купи куќа, купи стан“.

Споредбено со годината која измина, беа субвенционирани 278 барања, од кои 259 за станови, додека 19 за изградба на куќа.

Субвенцијата се одобрува за станбен кредит до 50.000 евра, чиј рок на отплата не е пократок од 20 години и може да достигне и до 20.000 евра, согласно избраниот модел на субвенционирање и висината на кредитот. Согласно избраниот модел субвенционираниот период може да биде и до 11 години.

Од Министерството за финансии велат дека каматната стапка за станбениот кредит преку проектот е исто така исклучително поволна. За моделите каде се субвенционира ратата за првите три години изнесува 2,9 проценти, а за четвртата и петатта година 3,9 проценти. Кај моделите каде се субвенционира учеството, каматата изнесува четири проценти за цело времетраење на отплатата плус 6-месечен еурибор.

Дополнителна поволност која ја дава проектот за корисниците е дека за секое новородено или посвоено дете, ќе добијат дополнителна едногодишна субвенција на месечната рата во висина од 30 проценти.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close